Денеска се објави новиот извештај на Transparency International за 2021 година. Според него Македонија има скор од 39 поени што е подобро од историски најниските 35 поени кои ги имавме во ланската година.
Власта ќе се фали дека имаме напредок и дека не сме веќе на 111 место според индексот на перцепција на корупција туки ма делба од 87-95то место, но сигурно нема да каже дека во периодот 2012-2015 година сме имале далеку подобри резултати (историски највисоки за Македонија – 45 поени).
Дополнително, владејачкото мнозинство прифати дека довчерашниот вицепремиер за борба со корупцијата, Љупчо Николовски, немаше успешен мандат и токму затоа повторно е ротиран на позицијата министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Ја охрабруваме власта да продолжи да се бори со корупцијата, особено да ги истражи наводите за вмешаност во бројни афери на Вице и Зоран Заев, Ден Дончев, Драги Рашковски, како и одговорност во највисоките ешалони за аферата издадени пасоши, прислушкување во јавното обвинителство, набавка на вакцини преку сомнителни посредници…
Граѓаните најдобро знаат кој е корумпиран, а својот суд го дадоа на локалните избори, напиша на Фејсбук, Никола Мицевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.