Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски и вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ, денеска се сретна со Џорџ и Александар Сорос, информираа денеска од Владата без да соопштат повеќе детали кој бил поводот за средбата.

На средбата било истакнато дека Владата во Македонија ги промовира и практикува вредностите на демократијата, заштитата на човековите права, владеењето на правото и отвореното општество, истите вредности за кои се залага и Фондацијата отворено општество.

Соговорниците истакнале дека отвореноста на државата за развој на демократијата, владеење на правото се клучни за развој на економијата, за нови инвестиции од домашни и странски компании.

Ковачевски кажал дека Владата ќе продолжи да го поддржува слободоумното граѓанство и критичката маса.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.