Премиерот Димитар Ковачевски тврди дека нема селективност при изборот на медиумите кои ги покриваат неговите посети во странство.

Како што Ковачевски кажа на прес-конференција, изборот на медиумите кои патуваат со владините делегации се прави по принцип на ротација.

Медиумите се повикуваат според систем на ротација. Нема никаква селективност, само принцип на ротација, со оглед на бројот луѓе кои може да бидат дел од делегација и да се покријат соодветно трошоците. Не е точно дека се викани исти медиуми. Можете да ги проверите податоците во Секторот за односи со јавност, изјави Ковачевски, одговорајќи на новинарско прашање врз основа на што се канат медиумите и зошто телевизија „Алфа“ речиси секогаш се одбегнува да биде поканета на настани на Владата.

Премиерот напомена дека при последната официјлна билатерална посета на Србија, „Алфа“ била дел од медиумите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.