Во врска со преговорите со Синдикатот за образование, наука и култура и нивните барања, премиерот Ковачевски изрази уверување дека процесот на разговори ќе даде резултат и дека ќе се најде методолгија за постојан раст на платите, но и за зголемување на продуктивноста.

– Верувам дека процесот на разговори со СОНК ќе даде решение, дека ќе имаме расат на платите на наставниците и методологија која ќе овозможи раст на платите во иднина. Но не едноставен раст, туку раст проследен со зголемување на ефикасноста и продуктивноста, рече Ковачевски



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.