Од повозрасните може многу да се научи. Тоа ми се потврди и низ денешниот разговор со пензионерите, наши сограѓани од Ѓорче Петров, објави премиерот Димитар Ковачевски на неговиот фејсбук профил.

Во време на криза, пишува тој, наша должност е да им обезбедиме пристојна старост на пензионерите.

– Затоа и ги зголемивме пензиите, и се осигуравме дека и понатаму ќе растат. И затоа за нив има директна финансиска поддршка додека трае оваа тешка зима. Пензионерите заслужуваат достоинствено да ги поминат пензионерските денови, сите ние сме нивни деца, објави премиерот Ковачевкси на фејсбук



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.