Премиерот Димитар Ковачевски, денеска од Дојран кажа дека има разлика на настаните одржани од СДСМ и на опозицијата. Ковачевски кажа дека на настаните одржани од владеачката коалиција се промовираат инфраструктурни проекти, а на оние на опозицијата не се прави ништо.

„Тука од Дојран најдобро се гледа разликата меѓу СДСМ и опозицијата, иако тие на локално ниво се доминантни и имаат над 50%. И се гледа разликата. Ние имаме настани на кои правиме инфаструктура, а тие имаат анстани на кои пуштаат музика, и ништо друго. Тоа најдобро се гледа во Валандово, Струмица, Дојран, Богданци, правиме индраструктурни објекти кои 50 години не се чепнати, а во другите предводени од опозицијата нема ништо.“, рече Ковачевски.

ВМРО-ДПМНЕ возврати:

Во однос на изјавата на Ковачевски, СДСМ има настани на кои промовира инфраструктура, опозицијата на настани пушта само музика, би го истакнале следново… Со голема љубопитност се обидовме да ги побараме настаните кои ги организирал Ковачевски и на кои промовирал објекти но такво нешто ние како и целиот народ не можевме да видиме, ниту пак возможно е да се дознае каде бил таквиот настан.

Единствена трага од некаков настан беше поставената табла за Бехтел и Енка, ама утврдивме дека и нејзе ја извадија.

Со оглед на големата доза на незнаење и неспособност на Ковачевски свесни сме дека секој став на ВМРО-ДПМНЕ му е музика, а најгласната ќе ја слушне на денот на избори и тоа од народот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.