СДСМ повторно покажа одговорност и државотворност, заедо со Коалицијата ќе бидеме одговорна, силна, принципиелна и државничка опозиција, процесот на внатрешна обнова мора да е на сите нивоа, порача на вечерашната прес-конференција, претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски.
Во продолжение е интегралното обраќање на претседателот на на СДСМ, Димитар Ковачевски:
„Сакам на сите граѓани да им честитам и да им се заблагодарам за успешниот изборен ден. Македонија имаше фер и слободни избори согласно европските стандарди и тоа е огромен исчекор кој е резултат на атмосферата на слободата на медиумите и на мирот и стабилноста која ја воспоставивме во изминатите години.
Ја честитам изборната победа на нашиот политички конкурент ВМРО- ДПМНЕ и нејзиниот претседател Христијан Мицкоски. Честитам на изборот на сите 120 пратеници во македонското Собрание и посакувам да имаат успешен мандат во интерес на македонските граѓани и ЕУ иднина на државата. Го честитам изборот на Гордана Силјановска Давкова за претседател и се надевам и посакувам дека функцонијата ќе ја извршува во согласнот со дадените уставни овластувања и евро атланската посветеност и обврски на државата.
Им благодарам на нашиот кандидат за претседател Стево Пендаровски како и на поддржувачите на СДСМ кои и покрај големиот пораз во првиот круг достоинствено излегоа на изборите и овозможија да се постигне ццензусот за избор на претседател.
СДСМ повторно покажа одговорност и државотворност по 100-ти пат. Најлесно беше по толку лажни обвинувања и напади од ВМРО-ДПМНЕ да не го мобилизираме нашето членство за гласање на претседателските избори. Но не паднавме во таа замка, покажавме дека Македонија ни е поважна и секогаш ќе биде така.
Денешниот резултат е разочарувачки. На СДСМ му е зададен тежок удар. Не само од ѓраните туку и од симпатизерите и поддржувачите на партијата. Во наредниот период детално ќе ги анализираме овие резултати. Секако во наредните месеци ќе треба посериозно и подлабоко да го најдеме изворот и причините за овој поразителен исход. Не сакам да носам избрзани заклучоци и не сакам да посочувам виновници. И јас и партиското раководство имаме одговорност и сите именувани и избрани функционери имаат одговорност вклучително и сите партиски функционери на локално и на централно ниво.
Никој реално не е без одговорност и тука ќе мораме заедно да поминеме низ овој процес. СДСМ ќе треба добро да погледне навнатре да размили што направивме и кои се резулатите и слабостите во последните 4 години, можеби и во последните 7 години. И уште поважно, што е тоа што треба да направи за да ја обновиме и вратиме довербата на граѓаните што ја изгубивме. Процесот на обнова мора да е на сите нивоа, затоа повикувам на нови внатрешни избори на сите партиски тела и на централно и на локално ниво. Почнувајќи од претсетадателот, раководоството, па се до претсеадателите на општинските организации и сите органи и тела на партијата.
Органите на партијата ќе одлучат прецизно за времето и начинот на спроведување на овие постапки.
Тој процес не смее да биде долг, но никако стихиен или пак експресен. Тоа е процес на длабока промена и консолидација, може да го изведат само оние кои се спремни да се жртвуваат за иднината на партијата и демократијата на државата. Оние кои немаат багаж од било каков вид особено не такви карактеристики, заради кои граѓаните го испратија СДСМ во опозиција.
Согласно статутот на партијата ќе биде свикан отчетен конгрес на партијата на кој ќе се разгледа изборниот резултат и работењето на партијата за периодот 2020 до 2024 година. И ќе се одредеат роковите за консолидирање на СДСМ преку избор на претседател раководство на партијата, претседатели на ОО и сите тела и органи. Првиот чекор во консолидацијата на СДСМ мора да биде обновувањето на идеолошката и вредносна матрица, која ќе ги собере сите сили на прогресивната идеја на Македонија на левиот центар. Вториот чекор треба да биде длабока кадровска промена и создавање на силен кадровски потенцијал со вистински социјалдемократи, со вредности и знаења, со мотив и со искренсот. И трето да се реформира организациската поставеност на партијата секако има уште многу елементи но секако за тоа ќе се разговара во партијата.
Клучно во овие промени ќе биде целосно консолирдирање на СДСМ и враќање на победничките патеки. Но, додека се случува овој процес, ние не можеме и не смееме да ја занемариме нашата одговорност кон државата и граѓаните. Не се сомневам дека многу граѓани вечерва чуствуваат страв. Страв од прекумерната моќ која ја има партија која е позната по злоупотреба на моќта. СДСМ и коалицијата треба и мора да бидат одговорна, силна и државничка опозиција. Водев сметка да не наштетам на државните интереси. Зато и се одлучив сега, откако завршија изборите, да ја кажам пред вас вистината со која живеам веќе две години. Вистината е дека актуелниот систем во кој живееме води повеќе сметка за ПР-от отколку за суштината. За површината отколку за длабината. И граѓаните со право се незадоволни и не веруваат во ништо. Многуте кризи придонесоа голем број наши граѓани да се иселуваат да се чуствуваат несигурни, обесправени и без верба во својата држава. Корупцијата на секое ниво, личните интереси, долгата европска интеграција, нискиот просечен раст на економијата од само 1,9% во изминатите 30 години, непотизмот, клиентилизмот, бизнис интересите, етничкиот професионализам, се само дел од крупните дефекти на системот кој ја јаде и ја разорува државата кој мора конечно да се промени.
Во изминатиот двегодишен период, за мене беше најважно што во услови на најголема и тотална криза се обидовме никого да не оставиме сам. Се грижевме за сите и за пензионерите, и за младите и за работниците и за земјоделците. Постигнавме највисоки плати досега, и највисока вработеност во државата. За тоа не барам благодарност како што никогаш кризите не ги користев како оправдување или бегство од проблемите. Напротив работев како што знаев и умеев искрено директно чесно и посветено, за да се помогне на државата и граѓаните.
Знам дека постигнавме многу и дека за дел од работите времето ќе потврди дека сме биле во право. Следната година е можност Македонија да ја продолжи својата европска интеграција. Ако ја пропуштиме таа шанса, може да изгубиме уште една децнија, можеби и уште една генерација. СДСМ ќе се однесува одговорно, но топката сега е во рацете на новата Влада предводена од Христијан Мицкоски. Сите оние кои мислат дека денешното гласање било против Европа или ќе се обидат да го спречат природниот пат на Македонија кој води до ЕУ, блокриањето на тој пат кон Европа не само што ќе донесе голем пад на животниот стандард, туку ќе ги зголеми етничките тензии и ќе не изложи на безбедносен ризик кој никој од нас не може да разбере колку може да биде голем.
За земја како Македонија нема средина, нема играње на две столчина. Тоа е или напред или назад. Местото на Македонија е во НАТО и во ЕУ. Почитувани граѓани, другари и другарки. Ми беше чест што во овие нешто повеќе од две години го предводев СДСМ, што ја предводев македонска Влада и тоа ќе го чуствувам како силен мотив за мојот понатамошен ангажман.
Сакам да се заблагодарам на моите соработници и во Владата и во партијата на коалиционите парнтери, на претставниците на медиумите. Сакам да им се заблагадорам на сите прекрасни членови на СДСМ. Сакам да им се заблагодарам на граѓаните со кои се среќавав секој ден и на кои оние на кои денес гласаа за нас.
Најмногу сакам да му се заблагодарам на моето семејство. На мојата драга сопруга и на моите деца кои ме поддржаа во овој тежок период и покрај тоа што поднесоа голем товар кој не беше нивен избор.
Сите се жртвувавме за нашата татковина, а поголема жртва од тоа не постои. Но, исто така нема поголемо задоволство кога знаете дека сте дале се од себе за земјата во која сте родени и која ја сакате. Да живее Македонија, да живее СДСМ“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.