Премиерот Димитар Ковачевски и неговиот шпански колега Педро Санчез Перез-Кастехон, остварија тет-а-тет средба на која било потврдено силното пријателство помеѓу Кралството Шпанија и Македонија, соопшти владината прес-служба.

На средбата било истакнато дека Шпанија е докажан поддржувач на Македонија во нејзините евроинтегративни процеси, што е од исклучително значење за нашиот пат кон европското семејство. Во срдечна и пријателска атмосфера било оценето дека двете земји кои се и НАТО сојузнички, веќе три децении градат одлични билатерални односи и дека ваквите заложби ќе продолжат и понатаму.

Во рамки на првата официјална посета на премиерот Санчез, делегациите од двете земји оствари и билатерална средба на која присуствувале и првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, министерката за одбрана Славјанка Петровска и министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.