Премиерот Димитар Ковачевски во одговор на пратеничко прашање за енергетската криза истакна се водат интензивни преговори со странство да се обезбеди електрична енергија по пониски цени од берзанските, но и дека природниот гас што треба да се доведе од Србија најпрво треба да добие дозвола од „Гаспром“.

Со Србија постои можност, меѓутоа не 100% можност заради тоа што мора да биде реализирана низ мултилатерални договори бидејќи ние имаме когенеративна централа во приватна сопственост не во државна на територијата на државата. Доколку Србија успее да обезбеди поевтин гас тој гас би се донел и доколку успеат да го донесат до Македонија со оглед на тоа дека интерконекторот на Жидилово е закупен на долгорочен договор од страна на ГАСПРОМ. Тој не е во сопственост ниту на Република Македонија, ниту на Бугарија, ниту на Србија, туку на ГАСПРОМ Русија. Само тие можат да дадат дозвола каков и колку гас поминува низ гасоводот. Доколку се успее да се направи тоа значи дека поевтина цена на гас ќе произведе поевтина цена на електрична енергија која нормално дека ќе биде размената – рече Ковачевски.

Ковачевски во врска со понудените контакти од страна на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски за обезбедување на евтина електрична енергија повика тие да се достават во Министерството за економија за да се разгледаат понудите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.