Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини на денешната работна средба со новоименуваниот амбасадор на Унгарија, Андраш Клаин, му посакал добредојде и успешност со мандатот во нашата земја.

Како што соопшти МЖСПП, Нуредини и Калин ја потврдиле заедничката заложба за унапредување на соработката, особено во делот на климатските промени, управување со отпадот и водите.

На средбата, Нуредини ги презентирал тековните и идни проекти за постигнување на стратешките цели во сферата на животната средина, како и потребните инвестиции во инфраструктурата согласно легислативата усогласена со Европските директиви.

Амбасадорот Клаин изразил подготвеност за продолжување на соработката, особено во делот на обезбедување на експертиза, размена на знаење и финансиска подршка, со оглед на тоа дека нашата држава е во активна фаза на пристапниот процес за членство во Европската Унија. Тој истакнал дека е цврста позицијата на унгарската Влада за поддршката за интеграцијата на Република Македонија во ЕУ. Соговорниците се согласиле дека унгарските искуства се добредојдени и во таа насока и дека соработката треба да се продлабочи во наредниот период.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.