Премиерот Димитар Ковачевски денеска потврди дека веќе е договорено да има премиер Албанец и оти ќе го почитува договореното меѓу неговиот претходник Заев и Али Ахмети.

 

Во однос на премиер Албанец тоа не е ништо ново. Тоа беше објавено на прес-конференција во 2020 година, по изборите, кога присуствуваа Зоран Заев и Али Ахмети. Тие се достапни снимки на која се формираше Влада во 2020 година, по изборите на кои победи СДСМ и со ДУИ формираше Влада. Така ќе биде и во 2024 година кога СДСМ ќе победи и ќе формира Влада со коалиционите партнери. СДСМ ги почитува коалициските договори. Ова во однос на премиер кој ќе обавува техничка улога ќе се случи кон крајот на следната година, во последните 100 дена, и уверени сме дека на изборите кои ќе се одржат идната година, ние ќе ја добиеме поддршката и повторно премиерот ќе биде од редот на СДСМ по изборите 2024 година“, кажа Ковачевски.

„Република“ денеска пишуваше дека не само што постои договор меѓу Заев и Ахмети за премиер Албнец туку и за тоа постои пишан документ. За потписот меѓу нив проговори вицепремиерот Артан Груби за косовска телевизија.Поставивме и прашање до Владата но одговор нема.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.