„Претседателот на Франција, Емануел Макрон на првиот состанок на Европската политичка заедница во Прага, уште еднаш ја потврди француската поддршка на евроинтегративниот процес на Cеверна Македонија“, објави премиерот Димитар Ковачевски на неговиот фејсбук профил.

Денешниот ден означува почеток на поинтензивна соработка на ниво на Европа како континент, но и пошироко, напиша Ковачевски на Фејсбук.

Ковачевски ја предводи владината делегација, во чиј состав се и министеритре за надворешни работи и за земјоделство, шумарство и водостопанство, Бујар Османи и Љупчо Николовски, што денеска во Прага на покана на претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и чешкиот премиер Петр Фиала учествува на првиот состанок на Европската политичка заедница. На форумот учествуваат лидерите на 44 држави – 27-те членки на ЕУ, земјите од Западен Балкан, Швајцарија, Норвешка, Исланд, Азербејџан, Грузија, Турција и Украина, како и претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен.

Како што претходно објави премиерот Ковачевски на Фејбук, фокусот на денешните сесии со лидерите во Европа е економијата, енергетиката, безбедноста, заштитата на животната средина, но најважно заедништво за ублажување на последиците од најголемата криза во светот која ја памтиме во поновата историја.

Само обиденети можеме да се справиме со предизвиците на недостиг на енергенси и храна, наведе Ковачевски во објавата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.