Вашите постигнати резултати се одраз на посветеностa и стручностa во справување со сите национални и глобални предизвици, напиша на фејсбук премиерот Димитар Ковачевски, по повод Денот на македонската полиција.

Ви честитам на ефикасноста во борбата со корупцијата и организираниот криминал, за што показател се реализираните резултати во 2022 година – сузбиени 15 криминални групи, запленети над 2,4 тони дрога со проценета вредност од 6 милиони евра на црниот пазар, спречени се над 26 илјади обиди за илегални преминувања на границите, објави Ковачевски.

Продолжува, пишува тој, проектот за реконструкција и изградба на полициските станици, со кој досега е опфатена завидна бројка од 78 комплетно реконструирани објекти, најголем дел енергетско ефикасни, а обезбедени се и повисоки плати и нови униформи за сите полициски единици.

Заедно со силите на ФРОНТЕКС успешно се справувате со нелегалната миграција и ги браните нашите граници, постапувајќи во служба на државата. Ви посакувам и понатаму успеси во обезбедувањето мир и стабилност во општеството, напиша на фејсбук премиерот Ковачевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.