Следните избори ќе се одржат во редовниот термин во 2024 година и тоа прашање го затвораме, рече премиерот на Македонија, Димитар Ковачевски во изјава за медиуми дадена по одржаната средба на владината коалиција.

Ковачевски истакна дека коалициските партнери едногласно заклучиле дека предвремените избори нема да ги решат проблемите на граѓаните, туку дополнително ќе ги продлабочат и најави фокус на економијата и надминување на последиците од кризата.

Во наредниот период продолжуваме со одговорот на кризата, преку испорачување нов пакет антикризни мерки, системски реформи, неселективна борба против високата корупција и усогласување на изборното законодавство со препораките на ОБСЕ и ОДИХР, порача Ковачевски.

Прашан за францускиот предлог за одблокирање на македонските евроинтеграции, Ковачевски кажа дека нема да го коментира.

Нормално дека МНР има увид во предлогот и најискусните дипломати и експерти во МНР прават анализа на предложените документи, меѓутоа нема да го коментираме и нема да биде предмет на дискусија затоа што сè уште не е предлогот усогласен од сите 26 земји членки на ЕУ и Франција која го дава предлогот. Го следиме развојот на настаните во бугарскиот парламент и ако таму биде усвоен и кога ќе биде усвоен и доставен официјално со Република Македонија тогаш нормално дека тој ќе биде предмет на анализа во детали и споделен со институциите во државата, рече Ковачевски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.