Премиерот Димитар Ковачевски одржа билатерална средба со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во Прага во рамки на првата средба на Европската политичка заедница.

Kако што соопшти владината прес-служба, двајцата премиери дискутирале за предизвиците околу светската енергетска криза, предизвикана од руската воена операција во Украина, европскиот пат на Македонија, како и важноста на почетокот на пристапните преговори.

Пленковиќ истакнал дека Хрватска е подготвена да продолжи да ѝ помага на Македонија во реформите и во исполнување на потребните услови за членство во ЕУ.

Ковачевски го нагласи задоволството од добрите економски односи меѓу Хрватска и Македонија и истакна дека во пријателска Хрватска имаме искрен партнер, традиционален поддржувач на нашите аспирации за интегрирање во европското семејство – се вели во соопштевнието од Владата.

Двајцата соговорници се согласиле дека само заеднички и со интензивирање на регионалната соработка можеме да ја пребродиме светската енергетска криза.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.