На трибината „Силно и одлучно кон иднината“ што се одржува во Кавадарци, претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски порача дека во Кавадарци доаѓа практично директно од Берлин и дека може да каже дека по повеќе од една деценија застој, како држава, забрзано се движиме кон нашите цели.
„Доаѓам денес тука практично директно од Берлин каде што се одржа Самитот на Берлински процес. Потпишав неколку важни договори за мобилност кој ќе нѐ доближат до ЕУ но уште поважно ќе го поврзат регионот и ќе ни овозможат развој и напредок. Таму разговаравме и за европската иднина на регионот и на Северна македонија и од Берлин можам да пренесам само пораки на поддршка и комплименти од и од Претседателката на Европската Комисја и од Канцеларот на Германија. Шолц уште на почетокот кажа дека Европската Унија, Европа не е целосна без западниот Балкан и дека оваа енергетска криза и ние како држава нема да ја поминеме сами. Ќе ја поминеме заедно рамо до рамо како партнери.“ рече претседателот Ковачевски.
Ковачевски истакна дека Владата, институциите, сториле се што е потребно за државата конечно да ги започне преговорите со ЕУ.
„По повеќе од една деценија, се движиме напред. Ги гледаме успесите на нашата држава. Сега сме држава која оди напред. Ние денеска со гордост можеме да зборуваме за мојата, за нашата визија за европската иднината на македонската земја, затоа што ние на време си ја завршивме домашната работа. На време обезбедивме безбедносна и економска стабилност и извесност.
Кажав неколку пати и ќе кажам пак, плативме навистина висока цена за да се вратиме на тој европски пат, за да ги отпочнеме преговорите. Има многу што мислат дека цената превисока. Но во новиот свет полн со предизвици, ако сакаме Македонците да имаат иднина и да одат напред, мора да сме врзани со Европа. Мора да направиме пат за нашите граѓани да одат напред! За нас постои само еден пат тоа е ЕУ!
Јас знам дека некои таа која тешка одлука некои ќе ја осудат, а некои навистина ќе ја ценат, не се сомневам во тоа. Но со чиста совест, тука пред вас кажувам дека стојам на тоа дека одлуката која ја донесов беше правилна. Правилна беше затоа што знам дека за моите деца, за вашите деца, има само еден избор. Има само една алтернатива, а тоа е ЕУ, кадешто нашите деца заслужуваат да живеат подобра иднина тука, како дел од ЕУ“ заклучи Ковачевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.