Ковачевски можеби заборавил, ама и врапчињата знаат дека е премиер поради кој има највисока инфлација, сиромаштија, и корупција. Тој од Европска Унија има врска само кога се работи за евровалутата која ја пресметува кога влегува во некој личен бизнис, смета ВМРО-ДПМНЕ
Полна му е устата со западни вредности, а доделува дебели тендери на компании со руски и кинески капитал. Зборува за напредок, а тешки милиони доделува на фирма за гаќи да се преструктуира во бизнисот со градежен надзор.тоа се вредностите и капацитетите на Ковачевски.
Кога пак се работи за националните и државните интереси, тогаш тоа се апстрактна именка за Ковачевски. Тој и неговата влада правеле есап без народот. Ниту народот, ниту експертите, ниту опозицијата ги прашаа кога правеа договори со Бугарија. Сега е крајно лицемерно да ги доведуваат сите пред свршен чин.
На Ковачевски кога веќе му бројат денови на фотелја, нека се охрабри и нека излезе на избори, па граѓаните јасно да кажат како ќе се одвиваат клучните процеси во државата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.