Премиерот Димитар Ковачевски за време на еднодневната работна посета на Кралството Белгија и ЕУ, во изјава пред средбата со потпретседателот на Европската Комисија и висок претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Жозеп Борел ја истакна важноста од интеграцијата на Македонија и Западен Балкан во Европската Унија.

Се соочуваме со досега невидена состојба во историјата на нашиот континент. Овие состојби нè натераа да бидеме обединети како никогаш досега и да ги усогласиме нашите политики, најави Ковачевски.

Тој рече дека на средбата ќе се дискутираат прашања кои потекнуваат од кризата и нашата улога кон Русија, за начинот и активностите што ќе ги спроведеме заедно за да ја зацврстиме и подобриме поддршката на ЕУ за регионот на Западен Балкан, како регион што е изложен на кризата што доаѓа од војната во Украина.

Поконкретно, за Македонија со потпретседателот Борел ќе дискутираме за потребата од итно отворање на преговорите и одржување на првата меѓувладина конференција меѓу ЕУ и Македонија, бидејќи проширувањето на ЕУ не е само политички процес, туку во поглед на новиот гео-политички развој, особено поради војната во Украина, веќе станува и безбедносно прашање во регионот на Западен Балкан“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.