-Нема нови моменти во однос на предлогот на француското претседателство со ЕУ за тргање на бугарското вето. Разговорите продолжуваат на ниво на експертски тимови на МНР на Македонија и Бугарија, изјави денеска на новинарско прашање премиерот Димитар Ковачевски.
Тој повтори дека Владата останува на ставот за францускиот предлог изнесен на прес-конференцијата во Брисел минатата недела и дека штом се дојде до прифатлив предлог од двете страни тој ќе биде процесуиран во институциите на државава.
–Нема ништо ново во однос на тоа што беше разговарано до денот кога беше прес-конференцијата. Процесот со Бугарија се води од страна на тимови на Министерството за надворешни работи со МНР во Бугарија. Кога ќе има прифатлив предлог од двете страни, тогаш тој ќе може да биде ставен во институциите во Македонија. Во овој момент таков предлог нема“, рече Ковачевски на новинарско прашање пред обраќањето на работилница за подготовка на Националната стратегија за правата на лицата со попреченост.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.