Целта на секој политички маргиналец е да стане популарен преку вакви активности. Нема да им ја исполнам желбата да станат популарни бидејќи тие не се популарни ниту во своите држави, рече премиерот.

Ова е ставот на премиерот Димитар Ковачевски за националистичкиот и шовинистички на европратеникот Џамбаски.

По, МНР, Европскиот Парменет, сега и премиерот и Владата не ги осудија зборовите на претставникот на ЕП дека „Македонците се Бугари“, и дека сме „Еден народ во две држави“.

Според Ковачевски, станува збор за политички маргиналци и дискусијата со нив би им ја оставил на политички маргиналци од нашата држава.

„Јас претставувам влада што комуницира со влада на соседна Бугарија и гледаме дека тонот на комуникација со официјалните институции од Бугарија е на многу повисоко ниво во однос на она што беше во минатото. Меѓутоа, сепак, иако станува збор за политички маргиналци, нивните изјави предизвикуваат вознемиреност во нашата јавност. Токму тоа им е целта, да провоцираат и да ги поткопуваат напорите не Република Македонија и Бугарија да продолжат во духот на соработка и подобрување на билатералните односи“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.