Ковачевски нека не ја држи Македонија во заложништво, неговата фотелја не е поважна од иднината на граѓаните, оставка па избори, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата сметаат дека Ковачевски треба да се соочи со реалноста и да си поднесе оставка веднаш, за да може што побрзо да се оди на избори и да почнат да ги решаваат проблемите на граѓаните.
Јасно е веќе дека уставни измени под бугарски диктат нема да се случат и јасно е дека ВМРО-ДПМНЕ нема да оди против мислењето на својот народ.
Власта прифати катастрофален договор, за кој беа предупредени дека нема да помине и од ВМРО-ДПМНЕ и од граѓаните, но за да купат уште некој ден на власт и да прават криминални зделки тие го прифатија.
Затоа сега дојде време за оставка, избори и на крај одговорност, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.