Премиерот Димитар Ковачевски изјави дека нема да се сретне со лидерот на опозицијата доколку единственото прашање за кое би се разговарало се предвремените избори.

Тој порача дека избори ќе има, но во 2024 година. Според Ковачевски, во моментот на земјава не и се потребни избори, туку лидерство за надминување на последиците од кризата.

Не сум човек кој подлегнува на притисоци, закани и уцени. Доколку единствена точка за која опозицијата смета дека треба да се разговара се предвремени избори, тогаш таква средба нема да има, бидејќи сакам да повторам дека избори ќе има, но во 2024 година. Во овој момент на Република Македонија и е потребно лидерство и одговорност за справување со големите предизвици што ги имаме во оваа кризна година, а тоа е енергетската криза, која е европска, потоа здравствената криза која се уште е присутна преку новите соеви и ценовната инфлација – изјави Ковачевски.

Тој додаде дека сите треба да бидат единствени во справувањето со најголемите предизвици со кои се соочува државата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.