Премиерот Ковачевски не го осуди отворањето на музејот на УЧК во кумановското село Сопот и картата на „Голема Албанија“. Тој се обиде да го релативизира скандалот дека бил 145 години задоцнет и нерелевантен и оти ги вакви карти имало секаде на Балканот. За него било важна само картата и мапата на државите членки на НАТО.

– Она што за овој случај е караткеристично, од она што го имам како информација е што се работи за приватен имот, каде што е направен тој настан и тоа сигурно подлежи на одредени законски решенија оти доколку се работи за општествен имот одобрение би требало да даде општината, но таа немала информации за истото. Она што ние го имаме денес како општество, воопшто не ги прави релевантни таквите мапи, бидејќи после 2001 година, по влегувањето во НАТО ние во нашата држава имаме други мапи кои што се релевантни а тоа е мапата на државите земји членки на НАТО и со отпочнувањето на преговорите со ЕУ мапата која што ние ќе ја имаме, и се надевам сите други земји од Западен Балкан, е мапата на обединета Европа. И тоа е единственото нешто кое треба да го обединува целиот Балкан. Сето друго е, кажувам уште еденаш 145 години задоцнето, вели Ковачевски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.