Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека во добиениот француски предлог за тргање на бугарското вето за ЕУ се инкорпорирани нашите забелешки и оти претставува солидна основа за градење став.
Изјавата тој ја даде по средбата со коалициските партнери на која министерот за надворешни работи Бујар Османи и вицепремиерот Бојан Маричиќ го образложиле предлогот во детали, имајќи ги предвид и нашите стратешки определби.
Ковачевски рече дека ова е прва од низата средби што ќе се одржат во врска со предлогот: со претседателот на државата, со опозицијата, граѓанското општество, медиумите…
Тој објави дека нема да го стави предогот на референдум и оти ќе оди во Собрание и затоа побара поддршка од опозицијата.
Вицепремиерот Маричиќ пак призна дека Бугарија и натаму ќе може да не блокира под делот на добрососедски односи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.