Официјалните ставови ќе бида соопштени откако ќе завршат сите консултации со широката јавност, рече премиерот Димитар Ковачевски за конечниот текст на францускиот предлог за деблокирање на македонските евроинтеграции, што денеска пристигна во Владата.

Ковачевски рече дека денеска е пристигнат во Владата по нашата интервенција во Брисел и нашата реакција на драфт документите.

Консултациите ќе траат онолку колку што треба за да бидат вклучени сите страни: претседателот, Собранието, стручната и широката јавност.

Историските и образовните прашања, рече Ковачевски, дека не се во преговарачката рамка.

Да се воздржиме од шпекулации, процесот ќе биде транспарентен, рече Ковачевски.

Сепак, Македонија нема гаранции дека ова ќе биде последна блокада од Бугарија.

Откако ќе започне процесот, понатаму го водат земјите-членки на ЕУ. Наша обврска е да ги негуваме добрососедските односи, рече Ковачевски.

За да биде конечен предлогот, Ковачевски не одговори дали Македонија направила дополнителни отстапки, но нагласи дека бил поздравен од Германија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.