Претседателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски денеска и утре е во работна посета на Брисел каде што ќе учествува на Вонредниот самит на шефови на држави и влади на НАТО.

Премиерот Димитар Ковачевски, во придружба на министерот за надворешни работи Бујар Османи и министерката за одбрана Славјанка Петровска и постојаниот претставник на Република Македонија во НАТО амбасадорот Дане Талески, ќе земе учество состанокот на Северноатлантскиот совет на шефови на држави и влади кој ќе се одржи утре, на 24 март.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.