Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, се сретна со Георг Вуцас, амбасадор на Република Австрија во нашата држава, соопшти владината прес служба.
На состанокот е изразена силна поддршка од Република Австрија за европерспективите на Република Македонија.
Воедно, поздравена е новата динамика во преговорите помеѓу Република Македонија и Република Бугарија.
Премиерот Ковачевски се заблагодари за пријателската и принципиелна поддршка што ѝ ја дава Австрија на Македонија во сите области.
Република Австрија е стратешки економски партнер на нашата држава и голем пријател и поддржувач на демократските и интеграциските процеси на нашата држава. Продолжуваме да ги унапредуваме билатералните односи помеѓу двете држави. А на планот на евроинтеграциите посветени сме на изнаоѓање решенија во духот на европските вредности, рече премиерот Ковачевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.