Доколку не беа антикризните мерки како намалувањето на ДДВ-то од 5% на 0% на основните прехранбени продукти, граѓаните ќе мораа месечно да плаќаат по 1.500 денари плус, доколку не беше намалувањето на ДДВ-то на енергенсите на нафтата и нафтените деривати, само по тој основ без намалување на акцизата секој граѓанин на просечна потрошувачка пресметано ќе плаќаше 300 денари повеќе секој месец, кај електричната енергија доколку не се направеше субвенционирање на производството на електрична енергија и на цената на која што ја плаќаат граѓаните значи 80% ја субвенционира државата, сметките за струја на секое семејство ќе беа за 2.150 денари повисоки, истакна претседателот на Владата Ковачевски во интервју за емисијата „360“ на Тв Алсат-М.
Премиерот Ковачевски дополни дека државите во светот и Европа се наоѓаат во најголемата економска криза после Втората светска војна и дека споредбените податоци покажуваат дека германската и австриската економија имаат исто ниво на зголемени инфлаторните движења кои произлегуваат од цените на храната, од цените на енергенсите.
„Јас уште при експозето пред 76 дена во Собранието кажав дека знам дека нема да биде лесно. Ова е најодговорната улога која што човек може да ја има во својот живот, во најголемата криза да води држава, затоа што прво немате време ни за спиење, а не за одмарање. Затоа што секој човек во криза мисли на себе и на своето семејство, а кога сте на ваква позиција вие мора да мислите на сите. Мора да мислите за најранливите 35.000 да им обезбедите по 1.000 денари дополнително за храна. Мора да мислите на пензионерите да ја зголемите пензијата и тоа го направивме. Мора да мислите на вработените кои што се најмалку платени тие кои што беа на минимална плата и затоа ја зголемивме минималната плата, мора да мислите на цената на енергенсите да не предизвика шок за граѓаните, мора да мислите на цената на храната. Тоа е најодговорно однесување во вакви услови“, нагласи премиерот Ковачевски во интервјуто за „360“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.