На грчката компанија Архиродон, која е добитникот на тендерот за изградба на хидроцентралата Чебрен, е да одлучи дали ќе продолжи во постапката или нема, истакна денеска премиерот Димитар Ковачевски.

Јас, како што кажа, не можам да зборувам во име на компанија која учествувала на наддавање, ниту за оваа, ниту, пак, за било која друга која учествувала во наддавање.

-Ако имале дополнителни барања во однос на договорот, тогаш тоа се барања кои излегуваат од рамката на договорот кој бил предмет на тендерската постапка која им била достапна на сите други компании кои  учествувале на тој тендер, рече Ковачевски во одговор на новинарско прашање на настанот за доделување изводи на досега не евидентирани лица.

Како што истакна, тендерот за изградба на хидроцентралата Чебрен е меѓународен тендер кој е објавен и на кој учествувале девет или 10 реномирани меѓународни компании, чиј составен дел на тендерската документација е договорот за концесија.

-Врз основа на евалуација на независна комисија составен од експерти во Министерството за животна средина еден од понудувачите е избран дека ги исполнува условите. Владата врз основа на тоа носи одлука согласно Закон за концесии, согласно тендерската документација и согласно договорот за концесија кој е предмет на тендерот и согласно Законот за води, појасни Ковачевски.

Прашан зошто ЕСМ има потреба од нови 500 вработувања кога не е во добра состојба и дали станува збор за предизборни вработувања во јавниот сектор, рече дека изборите  се на 8 мај, а денеска е декември.

Во однос на најавениот штрајк во Контрола на летање наведе дека од она што го слушнал од директорот „нема штрајк и се работи за некакво недоразбирање“



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.