На денешната прес-конференција премиерот Димитар Ковачевски на новинарско прашање доколку понатаму од некоја држава без разлика дали е Бугарија се оспорат јазикот и идентитетот дали ќе се повлечеме од преговорите одговори дека таква ситуација нема да има и дека е јасно дека Македонија ги отпочнува преговорите на македонски јазик.
Таква ситуација нема да има затоа што во преговарачката рамка многу јасно е наведено дека Република Македонија ги отпочнува преговорите на македонски јазик. На 19ти во Брисел јас отворачката изјава ќе ја читам на македонски јазик, рече Ковачевски.
Претходно тој потврди дека првата меѓувладина конференција ќе се одржи на 19 јули во Брисел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.