Премиерот Ковачевски ѝ го честиташе изборот на Роберта Мецола за претседателка на Европскиот парламент (ЕП), и изрази благодарност за континуираниот ангажман и подготвеност на Европскиот парламент во поддршката на Македонија и регионот на Западен Балкан да напредуваат во процесот на интеграција во ЕУ.
Ковачевски како особено значајна ја наведе плодната соработка на Македонија со Европскиот парламент во рамките на дијалогот Жан Моне, преку дискусиите на Мешовитиот парламентарен комитет, како и посветената работа на пратениците на ЕП за напредокот на земјата во остварувањето на стандардите во процесот за пристапување во членство во ЕУ.
За време на разговорот во Европскиот парламент, претседателот на Владата на Македонија Ковачевски ја запозна претседателката на ЕП Мецола со силно изразената подготвеност на Владите во Скопје и Софија да ги удвојат напорите за подобрување на меѓусебните односи со јасни намери да го забрзаат процесот за одржување на првата Меѓувладина конференција со ЕУ.
На средбата беше истакнат напредокот во реформите во судството и владеењето на правото препознаени и во последниот извештај на Европската Комисија, и беше нагласено дека Македонија продолжува со силна политичка посветеност да ги имплементира позитивните препораки на Европскиот парламент за имплементација на реформите за да се заокружи стратешкиот проект за проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.