Македонија ја поддржува политиката во однос на проширувањето на НАТО, како и политиката на отворени врати за сите земји коишто ги делат вредностите на НАТО Алијансата и на Вашингтонскиот договор, посочи премиерот Димитар Ковачевски во одговор на новинарско прашање на заедничката прес-конференција со германскиот канцелар Олаф Шолц во Владата.

Ние сме најновата земја членка на НАТО и заради политиката на отворени врати на НАТО и заради тешките одлуки коишто ги донесовме внатре во државата сме членка на НАТО и на процесот на интеграција во НАТО докажавме дека сме земја којашто историски гледано најбрзо се интегрираше во воениот систем на НАТО, се разбира и во политичкиот, изјави Ковачевски.

Тој додаде дека на Мадридскиот самит на НАТО од страна на претседателот Стево Пендаровски ќе бидат изразени ставовите на државата во однос на понатамошните одлуки на НАТО.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.