Управниот одбор (УО) на М-НАВ постапи добро со тоа што го заврши конкурсот за контролори на летање онака како што бил започнат и како што бил евалуиран од страна на данските консултанти – порача денеска премиерот Димитар Ковачевски, откако пред три дена порталот „СДК.мк“ објави дека тројца членови на УО сакаат да го оспорат огласот бидејќи меѓу осумте кандидати што го положиле испитот и биле селектирани за обуката од страна на данска фирма што го доби тендерот, не се децата на членовите на УО и на функционери од ДУИ кои конкурирале.
Во денешната изјава, одговарајќи на прашањето што ќе преземе владата за случувањата со конкурсот, премиерот кажа дека уште во текот на минатата недела ги повикал тројцата директори од М-НАВ да дојдат и да реферираат на седница на Влада.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.