Премиерот Димитар Ковачевски го коментираше извештајот и порача дека е многу важен и корисен за нас и ваквите документи треба да се користат во насока на подобрување на сите состојби во општеството.

Колку што успеав да го разгледам, има повеќе пораки што може да се извлечат од него, а и дел од нив веќе сме ги адресирале. Таму децидно се потенцира напредокот во многу области, кои и ние треба да ги истакнеме, не заради пофалба, туку за охрабрување на сите фактори и актери во државата да продолжат со унапредување и со реформи во своите области. Вакви извештаи треба да се користат во насока на подобрување на сите состојби во општеството, особено во оние кои што ги анализираат, рече Ковачевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.