Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната трибина во Прилеп се осврна на темата бугарски диктат.

„И во овој момент кажувам дека преставува измама тезата на Ковачевски или интеграција под бугарски диктат или изолација. Ниту еден фактор во оваа држава не посакува изолација која веќе ја имаме. И не може да се донесе нешто што веќе го живееме и во која подлабоко не втурна оваа власт. А она што е измама е фактот што кога Ковачевски ќе каже интеграција всушност мисли уставни измени и прифаќање на бугарските диктати за кои оваа наша Македонија и народ ги отфрла како понижувачки“, рече Мицкоски.

Мицкоски додаде „она што ме разочарува и треба нив да ги порази како личности е сервилноста која ја покажуваат пред светот“.

„Наместо да ја кодошат опозицијата и да се молат да ни прават притисоци кои се неприфатливи, треба да бараат од светот да добиеме подобри услови и фер шанса. Треба Ковачевски како премиер да побара од
истата Европска унија, Бугарија да примени барем неколку од над десетината правосилни пресуди од судот за човекови права кој нотира кршење на правата на Македонците во Бугарија“, кажа Мицкоски.

Воедно, додаде претседателот Мицкоски, сакам да нагласам дека голема грешка е овие години што крупните одлуки во земјата беа носени без единство и целосна согласност на опозицијата.

„Секогаш опозицијата била ставана на страна и затоа процесите заглавувале. Власта овие 6-7 години покажа недостаток на капацитет за разговори со ВМРО-ДПМНЕ за суштинските прашања, па заедно да себоревме за фер шанса за која што говорам. Зарем немаше да биде подобро кога Бугарите бараат од нас да се себе одречеме, заедно да им кажеме дека грешат, кога источниот сосед го негира нашиот јазик, заедно да им
кажеме дека нашиот јазик постои и има свои корени“, рече Мицкоски.

Мицкоски заклучи „токму пактот за национално единство на кое повикувам треба да го надомести ова и да обезбеди легитимитет на процесот за одбрана на државните интереси“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.