Целта на СДСМ и коалицијата е да обезбедиме поквалитетен живот и иднина која ќе ги задржи нашите деца тука во Македонија. Да обезбедиме иднина на среќни и задоволни луѓе во сопствената татковина, а единствен начин да изградиме таква иднина е членството во Европската Унија, порача на вечерашниот митинг во Сопиште лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски.

Осврнувајќи се на тоа што владата сработила досега, Ковачевски нагласи дека изминатите седум години се соочиле со многу предизвици.

Поминавме три светски кризи, имавме подеми и падови но сепак, во ниту еден момент, не се откажавме и цело време бевме со граѓаните. Ги зголемивме минималната и просечната плата, ги зголемивме пензиите. Обезбедивме намалување на невработеноста, одвоивме пари за антикризни мерки и за поддршка на граѓаните и на компаниите. Свесен сум дека тоа не е доволно, знам дека можеме повеќе, знам дека имаше грешки и не беше се идеално и верувајте дека се знам и ќе дадам се од себе тие грешки да бидат поправени, рече Ковачевски.

Ковачевски најави дека ќе се залага за држава со независен судски систем и владеење на правото согласно принципите на ЕУ и за силни институции со еднаков третман за сите граѓани.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.