Постојат држави кои не сакаат да ја видат Македонија во ЕУ и сакаат статус-кво на Балканот. Имаат свој интерес. Има и политички партии и поединци кои мислат дека земјава не треба да биде дел од Унијата и не сакаат да видат земја со демократско владеење. Споредете го само владеењето сега и до 2016 година. Бевме 130 место по слобода на медиумите, денеска сме 38-мо, рече премиерот Димитар Ковачевски во гостувањето на емисијата „Студио 10“.
Ковачевски е дециден дека денеска Владата е 100% транспаретна.
-Во тоа време немаше казнивост на владини функционери. Сега имате голем број на владини функционери кои се судски процесуирани, порача претседателот на Владата.
Околу изборите наредната година, Ковачевски истакна дека ќе победи претседателскиот кандидат предложен од владеачката коалиција. Премиерот најави дека ќе биде носител во првата изборна единица на парламентарните избори. За останатите одлуки и предлози за изборите, Ковачевски изјави дека допрва треба да се одлучи.
Опозицискиот лидер Христијан Мицкоски пред еден месец, најави дека по првпат ќе биде носител на листа на парламентарните избори и ќе ја предводи листата во првата изборна единица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.