Утрово на бензинските пумпи низ државата осамнаа фигури на претседателот на Владата Димитар Ковачевски на кои држи транспарент со текст: „Ви благодариме што ни го полните буџетот”.

Од денес горивата ќе беа поевтини и до 25 денари доколку СДСМ вчера не го одбиеше предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за намалување на акцизата и ДДВ.

Во цената на безоловниот бензин 95 акцизата учествува со 22 денари, а ДДВ со 16.78 денари. Со тоа цената на безоловниот бензин 95 е 110 денари. Безоловниот бензин 98 се продава по цена од 112 денари, во таа цена е засметана акциза од 22 денари и ДДВ од 17.1 денари. Во дизелот акцизата и ДДВ изнесуваат по 15.5 денари, па тој се продава за 102 денари.

Граѓаните и бизнис секторот се незадоволни од односот на државата кон кризата. Кој е авторот на овој досетлив перформанс со кој се изразува негодување од нереално високите цени на горивата, не успеавме да дознаеме. Сепак, можеме да забележиме дека станува збор за уште една креативна форма која го изразува големиот гнев на граѓаните од инфлацијата, високите трошоци за живот и корупцијата во Македонија.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.