Премиерите на Македонија и на Бугарија, Димитар Ковачевски и Кирил Петков, како дел од програмата на официјалната посета на македонската Влада, во Софија го посетија државниот универзитет „Св. Климент Охридски“.

Kако што соопшти владината прес-служба, Ковачевски и Петков имале куса средба со ректорот Атастас Герџиков на која станало збор и за заедничкиот интерес на двете влади да ја охрабрат комуникацијата и соработката межу државните универзитети во двете земји.

Претставниците на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ и на Економскиот факултет ги запознале гостите со заедничката програма на Универзитетот „Харвард“ од САД со Софискиот државен универзитет на магистерските студии на Економскиот факултет, на кој гостин професор е и премиерот на Бугарија Петков.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.