Премиерот Димитар Ковачевски денеска на маргините на Минхенската безбедносна конференција се сретна со државниот секретар на САД, Ентони Блинкен.

– Срдечна средба со државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Ентони Блинкен за време на обраќањето на потпретседателката на САД Камала Харис. Го делиме мислењето дека заедно сме посилни како сојузници во НАТО – напиша премиерот Ковачевски на својот фејсбук-профил.

Државниот секретар Блинкен, додава премиерот, ја изразил својата целосна поддршка за дијалогот и пријателството меѓу Македонија и Бугарија и ја споделил својата искрена желба да нѐ види заедно во ЕУ.

– САД останува наш посветен партнер во надминувањето на предизвиците – напиша премиерот Ковачевски на Фејсбук.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.