Премиерот Димитар Ковачевски и косовскиот премиер Албин Курти на средба во Виена разговарале за дијалогот Приштина – Белград, при што се согласиле дека клучно за напредокот на Западен Балкан е мирно решавање на отворените регионални прашања, како и интензивирање на меѓусебната сорабока, што е придонес за стабилност и просперитет на целиот регион.

Како што соопштија од Владата, на средба, што се реализирала во рамките на Виенскиот економски форум, биле реафирмирани заложбите на Македонија и Косово за продлабочување на меѓусебната соработка со цел натамошно продлабочување и зацврстување на добрососедските односи, со фокус на економската соработка.

Ковачевски и Курти разговарале и за соработката во доменот на енергетиката и потврдиле дека од клучна важност е интегрирањето на регионалните пазари на електрична енергија и натамошна активна работа кон обезбедување диверзификација и одржливост на изворите на енергија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.