Премиерот Димитар Ковачевески кој е во прва посета на Брисел вечерва одржа неформална средба со европратеникот и известувач за Македонија во Европскиот парламент Илхан Ќучук, објави Владата на официјалниот фејсбук профил.

Како што соопштуваат оттаму, премиерот Ковачевски, вицепремиерот Маричиќ и министерот Османи во Брисел остварија и неформална средба со бугарскиот европратеник и известувач за Македонија, Илхан Ќучук, на која разменија мислења за воспоставената нова динамика во односите меѓу владите на  Македонија и Бугарија.

Вечерва Ковачевски треба да се сретне и со претседателката на Европскиот Парламент, Роберта Мецола. Утре ќе има средби со претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел и со претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен.

Ковачевски, денеска ја започна својата прва официјална посета на Брисел со средба во седиштето на НАТО со генералниот секретар, Јенс Столтенберг.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.