Од идниот месец пензионерите може да ја очекуваат најновата владина поддршка доколку Собранието ги изгласа потребните законски измени, соопшти денеска премиерот Димитар Ковачевски.

И Ковачевски и министерот за економија Крешник Бектеши очекуваат дека сите пратеници ќе бидат на ниво на задачата и ќе ги усвојат измените што ќе овозможат помош за пензиоенрите и за ранливите категории граѓани, но и реализирање на сите останати мерки за справување со енергетската и ценовната криза.

Очекувам и верувам дека сите пратеници ќе бидат на ниво на задачата и ќе ги усвојат измените што значат помош за пензиоенрите и ранливите категории граѓани. За Левица не можам да потврдам, не сум сигурен, зашто ним соседните земји и ЕУ не им се партнери, истакна Ковачевски, одговорајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата на која соопшти дека е усвоен нов пакет мерки тежок преку 350 милиони евра.

И Бектеши очекува пратениците да дадат поддршка на законите за справување со кризата.

Моите очекувања се пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и сите други пратеници наредната недела да ги изгласаат сите закони за справување со кризата зашто законите се во интерес на граѓаните – да не се зголеми цената на водата, струјата и на топлинската енергија, подвлече Бектеши.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.