Премиерот Димитар Ковачевски, во придружба на министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на Државниот пазарен инспекторат, Горан Трајковски, денеска ќе го посети маркетот „Кит-Го“ во Тафталиџе, соопштија од владината прес-служба.
Ковачевски, заедно со Бектеши и Трајковски, пред десетина дена посетија супер маркет во Капиштец, со цел да проверат дали се почитува владината одлука за замрзнување на цените на тестенините и млечните производи кои се намалени за 15, односно 10 проценти.
Владата на 21 март, ја замрзна цената на јајцата и оризот и го ограничи извозот на јајцата. Највисоките цени на оризот и јајцата останаа на нивото од 15-ти овој месец и ќе важат до 30 април. Претходно Владата ја замрзна и цената на 33 денари на белиот и на полубелиот леб од 450 грама, а Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство веќе достави анализи до Министерството за економија и за цените на овошјето и зеленчукот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.