Скопје е блокирано заради матните тендери на Арсовска, плод на коалицијата со Ковачевски. Таков тендер е набавката на гориво за потребите на ЈСП од 27 милиони евра, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Арсовска за разлика од сите нејзини претходници не добива попуст од 6 денари по литар. Овој попуст го имало и кај Костовски и кај Трајановски и кај Шилегов, но го нема кај Арсовска. Доколку имаше попуст ЈСП ќе платеше 1.4 милиони евра помалку. Тоа се повеќе од доволно средства за да се покрие долгот кон приватните превозници.

Зошто нема попуст знае само Арсовска.

Градоначалничката не треба да бега, туку да одговори:

Дали тендерот за набавка на гориво за ЈСП е дел од договорот за тајната коалиција со Ковачевски?

Дали на средбата Арсовска – Ковачевски е договорено провизија, наместо попуст?, прашуваат од партијата и додаваат:

Зошто во договорот за нафта со Пуцко Петрол нема ниту еден процент попуст, а во сите претходни има? Од Костовски, преку Трајановски до Шилегов.

И дали е точно дека бугарски автобуси треба да вршат јавен превоз како замена за тековниот?

Доколку имаше попуст на договорот за набавка на гориво за ЈСП ќе имаше и пари за приватните превозници. Дали на Арсовска и одговара кризата? И дали Скопје е жртва за бизнис интереси, прашуваат од ВМРО ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.