Премиерот Димитар Ковачевски, денеска, по повод 13 Ноември, Денот на ослободување на Скопје упати честитка до граѓаните.
Денеска го одбележуваме 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје. Ден кога се сеќаваме на херојството, кога им се поклонуваме на жртвите и борците кои се бореа храбро за секоја улица на градот, и на овој ден пред 78 години, на граѓаните на Скопје им ја донесоа долгоочекуваната слобода. Од тој ден, Скопје, пулсира како слободен град, наведува Ковачевски.
Во негово и во име на Владата изразува длабока почит кон сите оние кои го дадоа својот живот за слободата на Скопје и кон сите борци кои сведочат за еден од најзначајните денови во историјата на главниот град.
Нека ни е честит и вековит 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје, наведува Ковачевски во чститката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.