Власта предводена од СДС и ДУИ се заборави од местење тендери и терање на криминални зделки, а народот го остави на страна и без леб, велат во ВМРО-ДПМНЕ.

За учениците нема учебници, ама во училиштата има дојави за бомби, или оваа власт е училиштен пример за тоа како не треба да се постапува.

Власта не успева да се организира буквално за ништо кога станува збор за граѓаните, организацијата им е добра само за тендери и бркање профити на поединци.

Граѓаните во меѓувреме страдаат. Криминалните политики на СДС и ДУИ ги уништуваат граѓаните, животниот стандард. Во Македонија инфлацијата руши рекорди, цените секој ден се се повисоки, реалната плата се намалува, пензиите исто така.
Ковачевски треба да си ја собере својата екипа и да заминат, само така може да сопрат криминалните политики.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.