Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски ја прими амбасадорката на Обединетото Кралство Рејчел Галовеј која што на премиерот и на новата Влада им посака успешен мандат и остварување на програмските приоритети во интерес на граѓаните, соопшти владината прес служба.

 

Премиерот Ковачевски на средбата ја изрази неговата, благодарноста на Владата и на граѓаните на нашата земја за традиционалното пријателство на Обединетото Кралство.

Претседателот на Владата Ковачевски потсети дека Обединетото Кралство претседаваше со ЕУ кога нашата земја го доби кандидатскиот статус во 2005 година кога премиер на Обединетото Кралство беше Тони Блер, и дека народот на Македонија ја памети таа одлука како една од најзначајните во процесот на нашата евроинтеграција.

Амбасадорката Рејчел Галовеј потврди дека Обединетото Кралство останува силен поддржувач на клучните реформски процеси во Македонија. Таа истакна дека Обединетото Кралство е силен и долгогодишен партнер на Македонија и ги поддржува нејзините аспирации да стане членка на Европската Унија. Ќе продолжиме да работиме заедно на просперитет на земјата во насока на економска соработка и ќе продолжиме да ја поддржуваме енергетската стратегија на Македонија и нејзината посветеност за целосна и одржлива транзиција кон обновливи извори на енергија, стои во соопштението.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.