Премиерот Димитар Ковачевски денеска го прими заменик-министерот за надворешни работи задолжен за економска дипломатија на Република Грција, Костас Фрагојанис, кој е во дводневна работна посета на Македонија.
Како што соопштуваат од владината прес-служба, на средбата било изразено взаемното задоволство за односите меѓу двете земји, кои „континуирано се развиваат и издигнуваат на ниво на стратешко партнерство, како придобивка од Преспанскиот договор“.
Премиерот Ковачевски истакнал дека двете земји сега се фокусирани на унапредување на економската соработка во која посебно место заземаат заедничките проекти во енергетиката како што сe изградбата на интерконекторот за гасно поврзување и инвестицијата на Македонија во терминалот за течен гас во Александрополи, од коишто се очекува трајно обезбедување на енергенси за граѓаните и бизнисот.
Заменик-министерот за надворешни работи задолжен за економска дипломатија, Фрагојанис потенцирал дека неговата земја, како и досега, останува на силната поддршка за нашиот пат до членство во ЕУ како посебен интерес за Грција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.