Венко Филипче одигра голема улога во кризата и концентрирано и смирено го водеше Министерството за здравство. Морам да оддадам почит и до сите медицински лица низ установите во земјава, кои овие две години водат макотрпна борба со пандемијата, рече новиот мандатар Димитар Ковачевски во гостувањето на емисијата „Топ тема“.
Според него, тие разговарале со Филипче и тој и понатаму ќе биде на располагање на Министерството, бидејќи е свесен човек.
Филипче ќе му биде на располагање на новиот министер Беким Сали. Секој совет е добредојден. Исто така и Сали е стручен човек и може да се носи со оваа проблематика и ќе прими совети од другите, оценува Ковачевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.